Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто починаа мајката и бебето: Анестезиологот бил во алкохолизирана состојба?

Зошто починаа мајката и бебето: Анестезиологот бил во алкохолизирана состојба?

Уште една трагедија во македоснките болници.

Мајка и бебе ноќеска починаа во гевгелиската болница, а според информациите на Телма, која ја пренесува изјавата на таткото, Мите Кадиев од Дојран анестезилогот бил во алкохолизирана состојба.

Таткото раскажува дека  во текот на бременоста немало никакви компликации, а гинекологот му рекол дека породувањето со „царски рез“ ќе заврши за еден час, но 45 минути го информирале дека морале да ја прекинат операцијата затоа што, како што подоцна разбрал, анестезиологот бил во алкохолизирана состојба.

- Слушнав дека гинекологот зборува на телефон, како што рече тој, со директорот на болницата и му рече „Дојдете да видите во каква состојба ви е персоналот“. Пред да се јави ми кажа дека не може да ја направи операцијата додека анестезиологот е во таква состојба. Два пати пробувал да и стави тубус и не можел да го стави. Општо е познато, а и полицајците кажаа дека тој анестезиолог, а и другиот, кој не знам дали беше таму, постојано се пијани. Затоа и доцнеше операцијата еден час, вели Кадиев за Телма.

Потоа ситуацијата се искомплицирала. Кадиев забележал дека целиот персонал во болницата се растрчал, а половина час подоцна ја добил лошата вест.

Целата сторија видете ја тука.

Слично

Поврзани вести