Зошто платите во Македонија се најниски на Балканот?
Македонците во споредба со останатите земји од Балканот имаат најмала просечна плата. За експертската јавност подобрување во оваа сфера може да се очекува во оној момент кога приватниот сектор ќе вработува повеќе отколку државта.
Македонците се најсиромашни според просечната нето плата во споредба со останатите земји од Балканот. Последните податоци од државниот завод за статистика покажуваат дека во август просечната исплатена нето плата изнесува 342 евра. Бројките сепак покажуваат незначителен пораст од 0,7% во споредба со истиот период лани.
Стандадрот на македонскиот граѓанин ќе се зголеми кога ќе се зголеми бројот на вработени во приватниот сектор, вели универзитетскиот професор Шенај Хаџимустафа.
„Кај нас во последните години нема зголемување на платите, затоа што таква ни е состојбата на економијата. Не бележиме стапки на пораст на економијата за да зголемуваме палти. Излез од оваа ситуација е можен само кога ќе се намали бројот на вработени во администрацијата, а приватниот скетор ќе вработува нови луѓе, дури тогаш ќе може да очекуваме зголемување на платите. Исто така треба да се размислува и во насока на појавување на нови сектори, кои ќе бидат конкурентни и кои ќе создадат работи кои не постојат кај нас. Извозот е тој кој во голема мера влијае за да се зголеми побарувачката на домашни производи, а тоа пак значи нови вработувања и поголеми плати за вработените. Во една ваква констелација може да очекуваме поголеми плати“, изјави за Фактор, Хаџимустафа.
Просечната нето плата не е доволна за да ги задоволи основните егзистенцијални потреби
Со 342 евра македонскиот граѓани не може да го помине месецот. Минималната синдикална кошница во септември покажува дека на граѓаните за да преживаат на границата на нормалата потребни се 32 143 денари или околу 500 евра.
Минимален приход наместо минимална плата
Ревизија на минималната плата бараат дел од активистите на граѓанските здруженија во Македонија. За Артан Садику од Институтот за општествени и хуманистички работи минимиалната плата не ги покрива основните егзистенционални потреби на граѓанинот.
„Наместо минимална плата да се воспостави минимален приход за граѓаните. Тоа значи ако во случај граѓаните со нивната плата не можат да стигнат до утврдениот минимален приход тогаш државата како по примерот на Словенија ја доплаќа таа разлика, така што граѓанинот ќе може достојно да живее“, објаснува Садику.
Македонците со најниски, Словенците со највисоки плати
Македонците заедно со граѓаните на Албанија и Србија имаат најмали плати, додека најголема просечна плата имаат Словенците и Хрватите, покажа неодамнешното истражување на новинарите од агенцијата Анадолија. Граѓаните на Словенија имаат највисока плата и во просек заработуваат по 990 евра месечно. Според податоците на Државниот завод за статистика на Хрватска, просечната нето плата во оваа држава, во август изнесувала 723 евра. По Хрватска, највисока плата од земјите на поранешна Југославија имаат граѓаните на Црна Гора, а податоците од црногорскиот Завод за статистика велат дека во септември просечната плата изнесувала 475 евра. Следни на листата се Босанците, а според последните податоци, просечната месечна нето плата била 423 евра. Македонците се најсиромашни според просечната плата, податоците од Заводот за статистика велат дека просечната македонска плата во септември била 342 евра. Од регионот со околу 380 евра месечно следува Албанија, Бугарија има просечна плата од 390 евра, додека Србија е со просечна плата од 392 евра. Од земјите во светот, најголеми месечни примања имаат граѓаните на Швајцарија каде просечната месечна плата е 4.472 евра, следува Норвешка со 3.065, Луксембург 3.000, Австралија 2.932, Катар 2.790 и САД каде просечната плата е 2.322 евра. Најниска плата во Европа имаат граѓаните на Молдавија, каде просечните месечни примања изнесуваат 197 евра.
И.М

Слично