Зошто не растат платите во светот?
Нема политичка волја за раст на платите во светот.
Растот на платите во светот силно е забавен во последните четири години. Во просек тој е 1,7% во 2015 година, во споредба со 2,5% во 2012 година, покажува глобалeн извештај на ОН, објавен во четвртокот. Извештајот за 2016/2017 година за платите е на МОТ (Меѓународната организација на трудот). Ако се исклучи Кина, каде растот на платите е побрз - плус 6,9% во 2015 година, „порастот на глобалните плати се намалува од 1,6% во 2012 година до 0,9% во 2015 година", според експертите на МОТ. За економиите од Г20, реалниот раст на платите исто така се забавува значително од 6,6% во 2012 година до 2,5% во 2015 година.
Во развиените земји платите се зголемени за 2,2% во САД во 2015 година, со 1,5% во Северна, Јужна и Западна Европа, и со 1,9% во земјите од ЕУ.
