Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто намерата за превземање на „Макпетрол“ стана државна тајна?

Зошто намерата за превземање на „Макпетрол“ стана државна тајна?

Зошто намерата за превземање на „Макпетрол“ стана државна тајна?

„Фактор“ не успеа да најде одговор во која државна институција се наоѓа предметот за намерата за превземање на „Макпетрол“, процес што започна лани во јуни. Предметот од КЗК е вратен на доработка во друга инстанца. Побаравме одговор и од КХВ што ќе го објавиме доколку го добиеме. Неофицијално, македонскиот претставник на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед повеќе нема полномошно да ги застапува,а не се знае дали има и кој е новиот претставник. КХВ соопшти дека е забрането е соопштување на податоци во јавноста кои претставуваат службена тајна.

Безмалку една година по првичната објава на намера за превземање на „Макпетрол“ од страна на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед не можат да се најдат никакви информации за статусот на овој процес. Не се знае дали намерата е валидна и пред која државна инстанца се наоѓа процесот. Има и неофицијална и непотврдена информација дека македонскиот претставник на БПХ е разрешен, но не се знае дали е поставено ново лице за комуникација во име на англиската компанија.
За потсетување, лани на 9 јуни како гром од ведро небо на Македонската берза беше објавена информација за намера за превземање на „Макпетрол“ од страна на БПХ Лимитед во која, согласно со Законот за превземање АД, беше објавена и цена од 25.908 денари за акција. По објавата, пазарната цена на акцијата почна да расте, а „Макпетрол“ од тогаш до сега значајно го подобри своето финансиско работење кое финализираше со предлог-одлука за распределба на дивиденда од 900 денари нето по акција објавена деновиве на берзата.

Со цел објективно информирање на јавноста, „Фактор.мк“ неодамна достави прашања до државната Комисија за заштита на конкурентноста (КЗК) во која бараше информации во врска со процесот инициран од БПХ. КЗК известува дека известувањето од БПХ било надополнувано во два наврати, по што добиле известување од БПХ дека „постои потреба од решавање на претходно прашање во надлежност на друг орган и дека Балкан петролеум холдинг лимитед ќе го дополни известувањето за концентрација доставено до Комисијата по решавање на наведеното претходно прашање. Откако Комисијата ќе го добие дополнувањето на известувањето ќе постапи по истото согласно законските одредби од Законот за заштита на конкуренцијата.“

„Фактор“ по добиените одговори од КЗК достави прашање и до Комисијата за хартии од вредност (КХВ) со кое побара информации за процесот. Доколку добиеме информации, во целост ќе ги објавиме.

Одговорот од КХВ Ви го пренесуваме во целост: „Како што е веќе информирана јавноста, процесот е одложен, бидејќи Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на  друг орган, а без чие решение неможе да одлучи за поднесеното барање и затоа КХВ ја прекина постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање. Комисијата не може да соопшти кој надлежен орган го решава претходното прашање, затоа што според член 360 од Кривичниот законик забрането е соопштување на податоци во јавноста кои претставуваат службена тајна. Инаку, постапката по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на "Макпетрол" АД Скопје,  поднесено  од страна на  "Balkan Petroleum Holding Limited", Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе ja продолжи по решавање на претходното прашање од страна на надлежниот државен орган.Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги презема сите потребни активности кои се во рамките на нејзините надлежности.“

БПХ е компанија регистрирана во Англија во краток период пред да биде објавена намерата за превземање. Директор на компанијата е извесен Васили Евдокимов, роден 1957 година со британско државјанство. Фирмата е основана со влог од 1.000 евра во 1.000 акции. Сопственик на БПХ Лимитед е кипарската фирма Даволиа Холдингс Лимитед регистрирана во Лимасол, главниот град на Кипар.


Слично

Поврзани вести