Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Накови дозволија „Макошпед“ да стане најголем акционер во „Фершпед“?

Зошто Накови дозволија „Макошпед“ да стане најголем акционер во „Фершпед“?

Ќе го има ли џуџето „Макошпед“ главниот збор во џинот „Фершпед“? Макар и формално, се случи тектонска односно историска промена. Презимето Наков веќе не е врзано за најголемиот акционер во „Фершпед“. И тоа за прв пат се случува од неговата приватизација во средината на деведесетите години па до денес. Или „Макошпед“ ќе биде само „бункер“ што ќе обезбеди комфорна позиција на Накови уште долго време?

Скопската шпедиција „Макошпед“ е најголем акционер во најголемата македонска шпедитерска компнија – групата „Фершпед“. Дали станува збор за тектонска историска промена во сопственичката структура на една од најголемите домашни групации во која суверено од нејзиното основање досега владее семејството Накови, прво Штерјо Наков, актуелен претседател на Надзорниот одбор кој пред девет години ги подари акциите на неговите синови? Стана ли, пак, „Макошпед“  најголем акционер само за да обезбеди покомфорна позиција на членовите на семејството Накови во „Фершпед“? Ова се дилемите на домашната инвеститорска јавност.

По последната трансакција со 100 акции во „Фершпед“ реализирана на 18 октомври годинава, „Макошпед“ и официјално стана најголем поединечен акционер во „Фершпед“ и сега поседува 12,13 отсто од акциите. „Макошпед“ од јуни до сега плати нешто над еден милион евра за акции во „Фершпед“. Само за споредба сумата што „Макошпед“ ја плати за 1.158 акции во „Фершпед“ е речиси иста со целиот приход од редовни активности што таа компанија го оствари лани. Каде е логиката на ваков економски потег во кој џуџето на штедитерскиот пазар станува најголем поединечен акционер во џинот на шпедитерскиот пазар? Не знаеме. Затоа што одговори на тие прашања чекаме четири месеци. Еве уште еднаш за потестување:

Што ги праша „Фактор“ менаџерите на „Макошпед“ во јули, а тие досега не одговорија ?

„Фактор.мк“ во интерес на малите акционери во „Макошпед“ и на целата инвеститорска јавност до членовите на Одборот на директори на „Макошпед“: Марија Каранфиловиќ, генерален директор, Лидија Трајковиќ, претседател на Одборот на директори и членовите Коста Младеноски, Никола Лазаров и Јасмина Цветановска ги постави следниве прашања:

- Кој е врвниот приоритет од кој се водите при одлуките со пари на компанијата „Макошпед“ да купувате акции во „Фершпед“ и тоа во услови кои приходите од продажба и добивката не оставаат комотна позиција расположливите средства да ги вложувате во акции на компанија која три години не поделила ниту дивиденда?

- Дали имате одобрение од акционерите на компанијата да вложувате пари на „Макошпед“ во акции на „Фершпед“?

-Дали „Макошпед“ може да го издржи трошењето средства во толкави износи со кои купивте сопствени акции и акции во „Фершпед“ и дали ќе продолжите да купувате акции во „Фершпед“ и ако продолжи кој е стратешкиот интерес за тоа?

Уште едно потсетување на настаните што претходеа на експанзивната деловна политика во „Макошпед“:

Големата мајска чистка во Одборот на директори во„Макошпед“

Тектонската промена во„Макошпед“ започна на последното акционерско собрание на 20 мај кога од старата постава на Одборот на директори „преживеа“ само Коста Младеноски. На другите тројца членови на Одборот: Бобек Шуклев, Перо Моцан и на Вера Ивановска им беше констатиран престанок на мандатот поради истек на период од 4 години. Новите сили кои беа избрани на таа седница беа: Никола Лазаров, Марија Каранфиловиќ која два дена потоа стана и генерален директор т.е. извршен член и Јасмина Цветановска. На Младеновски му беше доверен уште еден четиригодишен мандат како член на Одборот на директори. Претседател на Одборот на директори на „Макошпед“ е Лидија Трајковиќ, која е директор на брокерската куќа на „Фершпед“, за воедно е и член на Надзорниот одбор на „Фершпед“. Значајно да се знае е и тоа дека во мај тектонска смена имаше и во „Европа“ скопската кондиторска индустрија во која акционери се „Макошпед“ и „Фершпед“. Таму директорката Каранфиловиќ е претседател на Одборот на директори, а Јасмина Цветановска е член на Одборот на директори.

На големата промена во „Макошпед“ претходеа, а и следеа настани кои може да ги прочитате на следниве линкови:

http://faktor.mk/koj-akcioner-zaraboti-226000-evra-utrapuvajkji-mu-sopstveni-akcii-na-makoshped

http://faktor.mk/koj-e-nikola-lazarov-chovekot-shto-iskeshira-208000-evra-za-akcii-vo-makoshped

http://faktor.mk/od-kade-ugotur-izvadi-246000-evra-da-plakja-paketi-akcii-vo-makoshped-i-vo-tehnometal-vardar

http://faktor.mk/zoshto-fershped-broker-si-pukashe-vo-noga-prodade-svoi-akcii-vo-ugotur-so-zaguba-od-60000-evra

http://faktor.mk/legalen-tsirkus-fershped-u-gi-utrapa-aktsiite-vo-ugotur-na-fershped-broker-i-mu-go-sobra-keshot-od-prodazhbata-na-aktsiite-vo-berzata-i-vo-tsdhv

http://faktor.mk/jovan-joanidis-prodal-232-otsto-od-akciite-vo-tehnometal-vardar-za-83000-evra

Каков е сега „распоредот на силите “ во „Фершпед“, а каков во „Макошпед“

Сега најголеми акционери во „Фершпед“ се: „Макошпед“ со 12,13 отсто гласови, Драган Наков со 11,83 отсто, неговиот брат Сашо има 11,04 отсто, фирмата „Супер Х Трејд“ има 6,76 отсто. Во „Фершпед“ вкупниот број релевантни гласови е 90,01 отсто од сите гласови заради тоа што компанијата во сопствен откуп чува 9,99 отсто од акциите. Во ваква состојба четирите најголеми акционери имаат речиси 42 отсто од акциите и со подршка од уште 4 отсто од сите други гласови можат да носат полноправни одлуки. Кај „Макошпед“ состојбата е следна: најголем акционер е скопска компанија „Ултимус“ со посед врз 23,89 отсто од гласовите. Фирмата „Мепком“ има 19,03 отсто од гласовите, а скопската угостителска компанија „Уготур“ има 15,11 отсто. Доколку овие три компании заедно настапуваат при одлучувањето сите нивни одлуки ќе поминуваат затоа што имаа мнозинство од гласовите. Дополнителен комфор има дава и тоа што „Макошпед“ од мај наваму купи сопствени акции и сега има 10 отсто од гласовите во сопствен откуп. 

Зошто „Макошпед“ е џуџе, а „Фершпед“ е џин? Погледнете од табелата:

(во милиони денари)

Макошпед 2016/2015

Фершпед 2015/2016

Вк.приход од редовни активности

70,1 / 61,8

3.288,2 / 3.292,9

Вкупни средства

810,3 / 858,6

4.266,1 / 4.629,5

Вкупни обврски

21 / 80,6

1.221,2 / 1.464

Главнина

789,3 / 777,9

3.045 / 3.165,4


Слично

Поврзани вести