Зошто најголемиот пензиски фонд во светот има загуби?
Најголемиот пензиски фонд во светот загуби 52 милијарди долари за три месеци.
Причината е падот на цените на јапонските акции и поскапувањето на јенот.
Најголемиот пензиски фонд во светот има загуба од 52 милијарди долари во последното фискално тримесечје по падот на цените на акциите и поскапувањето на јенот, соопштува Bloomberg.
Јапонскиот владин пензиски инвестициски фонд изгуби 3,9%, или 5,2 трилиони јени (52 милијарди долари), во трите месеци, заклучно со 30 јуни. Така средствата на Фондот се намалуваат до 129,7 трилиони јени.
Тримесечниот пад следува по загубата од 5,3 трилиони јени во фискалната година до март, и ова се најлошите годишни податоци од светската финансиска криза досега.
Слично
