Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто на валутните пазари доларот ослабна во однос на јенот?

Зошто на валутните пазари доларот ослабна во однос на јенот?

Американскиот долар денеска на меѓународните валутни пазари падна  на најниското ниво во однос на јапонскиот јен за една седмица.

Најновите слаби американски економски показатели дополнително ја намалија можноста американската централна банка Federal Reserve (Fed) да ги подигне клучните каматни стапки уште во септември.

Доларот во таквата атмосфера на пазарите ослабе за о,5 % во однос на јенот, на 101,45 јени, Во еден момент изнесуваше само 101,20 јени, што е најниското ниво од 26-ти август, кога челничката на Fed, Џенет Јелен со оптимистичките изјави за економијата во САД ги подгреа надежите дека каматните стапки би можеле наскоро да бидат зголемени. Од тогаш американската валута тешко успева да биде во позначителна добивка и во вторникот во однос на јенот потона за повеќе од еден процент.

И еврото денеска беше под притисок, намалувајќи  се за 0,12 %  во однос на доларот, на 1,1240 долари, а по објавувањето на податоците од Германија за неочекуваниот пад на индустриското производство во јули, што е најизразено во последните 23 месеци. Се верува дека најголемата европска економија би можела да започне да забавува.

Британската фунта денеска ослабе во однос на доларот за речиси 0,5%, на 1,3374 долари. Таа претходно ги достигна највисоките нивоа во последните седум седмици во однос на доларот, под влијанието на силните економски показатели кои ги ублажија стравовите од рецесија, па макар и во краткорочен период.

Слично

Поврзани вести