Зошто Могерини ги адресирала реформите до Заев, а не до Груевски?
Опозицијата е ставена под силен притисок на Меѓународната заедница да оди на претстојните избори. Нема како поинаку да се сфатат потезите на евродипломатите кои се на жешка линија со Заев. Синоќа кабинетот на Могерини соопшти дека разговарале со лидерот на СДСМ.
"По последните случувања во Република Македонија, особено во подготовките за предвремените парламентарни избори во јуни, г-ѓа Могерини доцна попладнево зборуваше со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Претходно оствари неколку контакти со комесарот Јоханес Хан и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Би сакале да ја нагласиме потребата од итно спроведување на политичките договори, вклучително и приоритети поврзани со реформите кои се од огромно значење“.
До тука се јасни работите, но она што изненадува е дека прашањето за реформите е суштинско прашање за власта, а не за опозицијата. Клучот на реформите во судството, медиумите и во другите сектори е во владеачкото мнозинство. Од таму пак нема чекори што покажуваат дека нешто ќе се промени во политиката. Притисокот засега сепак се става врз Заев, а не врз Груевски.
Аналитичарите предвидуваат дека непопустливоста на Заев ќе ја помести тежата на притисокот и врз Груевски, но не очекуваат попуштање ниту од негова страна.
„Изборите се извесна опција и само чудо би можело да го помести датумот“ сметаат упатените во целата работа.
Заев синоќа повика на широк граѓански фронт против Груевски, овој пак рече изборите се дел од решението на кризата.
Повеќето помали партии обелоденија дека нема да учествуваат на изборите.
Слично
