Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто многу Косовци не можат да одмораат во Албанија?

Зошто многу Косовци не можат да одмораат во Албанија?

Албанија е скапа дестинација за многу од косовските граѓани. Половина Косовци не можат да си дозволат ни одмор во Албанија.

Претставникот на Агенцијата за статистики на Косово (АСК), Хиди Морина вели дека 57 отсто од Косовците немаат пари за годишен одмор, поради големиот пораст на животните трошоци, jaви дописникот на МИА. Вели дека 55 отсто од приходите на домаќинствата се за основна потрошувачка. Приходите се малку зголемени, но расходите многу повеќе. 

„Околу 57 отсто од домаќинствата не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома, на море, на планина или каде било. Немаат буџетски простор за да имаат една недела одмор“, изјави Морина за приштинската КТВ.

Вели дека речиси две третини од домаќинствата имаат големи потешкотии во плаќањето кредити и други долгови.

Во Албанија во првите четири месеци годинава имало рекордна бројка од околу 1,7 милиони странски туристи. 

Како што објави Институтот за статистика (ИНСТАТ), тоа е раст од 57 отсто споредено со истиот период лани. 

Премиерот Еди Рама ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира неговата земја на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред пандемијата. Албанија во изминатиот период од годинава, на светско ниво има раст од 54 отсто по Катар и Саудиска Арабија.

foto Wikipedia/  ZNZ — my clctn

Слично

Поврзани вести