Зошто мигрантите бараат спас во Европа, а не во богатите арапски земји?
Во екот на бегалската криза, јавноста се прашува зошто бегалците бараат живот во Европа, а не во богатите арапски земји од Заливот кои им се поблиска дестинација.
Еве неколку причини за нивниот избор.
Прва причина поради која овие земји многу тешко примаат мигранти е тоа што земјите имаат аверзија спрема бегалците без разлика од каде доаѓаат. Земјите од Персискиот Залив не се потписнички на меѓународните конвенции за бегалци и не се обврзани да им ги отворат границите.
Втора причина е долгата процедура за издавање азил. За еден Сириец да се најде во земјите на Заливот потребна му е работна дозвола или туристичка виза. Ова е процес кој чини многу пари,но и многу време додека да се помини целата постапка со правни правила и процедури.
Без виза, на Сиријците не им е дозволено да влегуваат во Арапските земји, освен во Алжир, Мавританија, Бахреин, Судан и Јемен.
За оваа игнорантска политика на земјите од Блискиот Исток, пишуваше и дневниот весник ,,Мека”, кој со карикатура ги критикуваше овие држави. На цртежот има човек во традиционална арапска облека, заштитен со бодликава жица, покажува кон вратата на Е и цинично прашува „Зошто не им дозволувате да дојдат вие ужасни луѓе?“.
Од друга страна, Европа има најлиберална политика кога станува збор за азилантите затоа и ја нарекуваат ,,рај за мигрантите”. Затоа и бегалците во потрага по подобар живот одбираат да патуваат и преку мориња, само за да стигнат во некоја од европските земји.
