Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Макпетрол искажа загуба и во првиот квартал од 2014 година?

Зошто Макпетрол искажа загуба и во првиот квартал од 2014 година?
Според неревидираниот Биланс на успех на друштвото “Макпетрол” АД Скопје објавен на Македонската берза, во првиот квартал од годинава компанијата остврила загуба од 1.757.463 евра. Споредено со истиот период минатата година загубата е помала. Во 2013 година во првите три месеци Макпетрол имал загуба од 2.393.853 евра. Според податоците од билансот, намалување е регистрирано и кај оперативните приходи, кои годинава во првиот квартал изнесувале 75.682.552 евра, додека истиот период 82.135.382 евра. Податоците покажуваат незначително намалување на приходите од продажба на домашниот и на странскиот пазар. Така во првите три месеци од годинава приходите од продажба на домашен пазар изнесувале 73.948.000 евра, а истиот период минатата година биле 80.364.585 евра. Приходите од продажба на странски пазар годинава во првиот квартал изнесувале 1.465.300 евра, а лани истиот период 1.585.837 евра. Во делот на оперативните расходи билансот покажува дека тие во првиот квартал од годинава изнесувале 76.508.065 евра, за разлика од лани кога оперативните расходи биле во вредност од 83.110.536 евра. Податоците покажуваат пад на финансиските проходи а пораст на финансиските расходи. Годинава финансиските приходи во првите три месеци се во вредност од 182.731 евра, за разлика од лани кога биле 216.487 евра. Од друга страна во првите три месеци од годинава финансиските расходи изнесувале 721.577 евра, а истиот период биле 654.097 евра. - Во првиот квартал од 2014 година „МАКПЕТРОЛ“ АД Скопје искажа нето загуба по оданочување на ниво на Друштвото што представува намалување од 26,6 индексни поени во однос на загубата остварена минатата година.Oперативните приходи и оперативните расходи се намалени за 8 и.п. во однос на истиот период од претходната година. Истовремено расходите по основ на намалување на залихата на биодизел, во однос на минатата година, се намалени за 36,2 милиони денари. Понатаму, приходите од финансирање се намалени за 16 индексни поени, додека расходите од финансирањето се зголемени за 10 индексни поени во однос на истиот период од претходната година, стои во образложението на “Макпетрол” АД Скопје. Податоците од неревидираниот Биланс на успех за првиот квартал од годинава споредено со истиот период лани  покажуваат намалување на трошоците за суровини и други материјали, пад на трошоците за вработените, намалување на набавната вредност на трговски стоки. Ј.С.
Слично

Поврзани вести