Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто „Македонијатурист“ одби да подели поголема дивиденда?

Зошто „Македонијатурист“ одби да подели поголема дивиденда?

Мнозинските акционери на „Македонијатурист“ и годинава втор пат по ред го надгласаа претставникот на двата пензиски фонда на „Нов пензиски фонд“ кој предложи двојно поголема дивиденда за секоја акција на „Македонијатурист“

Акционерот „Нов пензиски фонд“ втора година по ред не успеа да се избори за повисока дивиденда во „Македонијатурист“. Едноставно нивниот предлог повторн беше надгласан од поголема група односно од мнозинството акционери присутни на редовното годишно собрание на „Македонијатурист“. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста, а особено на малите домашни акционери, како монитор на берзанските случувања достави прашања до акционерот „Нов пензиски фонд“ – предлагач на предлогот за поголема дивиденда. Иницијативата на предлагачот побудува интерес, но засега нема резултат. Иако ова е вреден и ретко виден исчекор во нашата кратка корпоративна историја

Подолу се одговорите на прашањата кои „Фактор“ ги доби од друштвото кое управува со двата фонда на идни пензионери кои во „Македонијатурист“ поседуваат повеќе од 8 отсто од акциите со право на глас. Како што и досега сме пишувале „Македонијатурист“ е особено атрактивна меѓу инвеститорите особено заради тоа што во пари и во хартии од вредност чува над 20 милиони евра.

-Од кои причини и со какво образложение (доколку го имаше) беше одбиен вашиот предлог за исплата на дивиденда во „Македонијатурист“?

Нашите предлог Одлуки со кои беше надополнет дневниот ред на годишното акционерско собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје, а кои според наше мислење се во полза на пензиските фондови со кои управуваме, беа надгласани од мнозинството присутни акционери на акционерското собрание. Нашето образложение за тие Одлуки беше дадено како составен дел на Одлуките кои се јавно достапни и објавени согласно законската регулатива и правилата за котација на Македонска берза. Ние можеме да ги коментираме нашите аргументи и причини но не можеме да ги коментираме причините кои стојат позади гласањето против овие одлуки од страна на мнозинството присутни акционери.

-Дали како акционер ќе превземете активности по овој повод и во кој правец?

Друштвото за управување со пензиски фондови НЛБ Нов Пензиски фонд А.Д. Скопје при управување со средствата на своите членови и инвестирање во акции и други хартии од вредност издадени од компании и држави, континуирано ги следи информациите кои се однесуваат на активностите на овие издавачи и врз основа на нив ги прилагодува своите инвестициони активности. Примарен начин на делување  во штитење на интересот на нашите членови се нашите активности во рамки на акционерските собранија каде го користиме правото на глас кое го носат хартиите од вредност во сопственост на фондовите со цел да влијаеме на одредени процеси во управувањето со издавачот. Дополнително, кога се работи за домашните издавачи на хартии од вредност, секогаш кога сметаме дека немаме доволно информации за одредени случувања во работењето на издавачот, бараме и остваруваме средба со управата на тој издавач со цел разјаснување на дилемите, а со крајна цел носење на информирани инвестициски одлуки. На овие средби, се разбира, во континуитет укажуваме на подобрување на квалитетот на корпоративно управување, поголема транспарентност и отчетност кон сите акцинери и заинтересирани страни, квалитет кој ќе допринесе за поголем интерес од страна на инвеститорите и поголема пазарна ликвидност. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести