Зошто Македонија и Грција се толку важни?
Речиси сите го користиме интернет пребарувачот Гугл, а нашите пребарувања откриваат многу интересни трендови во светот.
Рандал Олсон, помошник истражувач на Универзитетот во Мичиген, САД направил испитување за тоа што најчесто се пребарува за земјите од Европа на интернет. Меѓу нив и Македонија.
Доколку на Гугл на англиски напишете: Зошто (некоја земја) е толку..., пребарувачот ќе ви ја сугерира најпребаруваната опција за да се доврши оваа реченица. Интерсно, речиси за сите балкански земји тој збор е „сиромашна“, но за Македонија и Грција корисниците на интернет најчесто пребарувале - Зошто овие земји се толку важни?
Значи, зошто Македонија е толку важна?
За тоа кој збор најчесто се пребарува за останатите земји во Европа на следниот ЛИНК
Слично
