Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Косово протерува Срби?

Зошто Косово протерува Срби?

Полицијата во Косово протера од земјата двајца српски државјани, под сомнеж дека влегле илегално на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На едниот од Србите му е изречена мерка насилно протерување и забрана за влез во Косово во траење од три месеци, додека на другиот, покрај што е протеран, му се забранува да влезе во земјата во наредните 12 месеци.

Настанот се случил во населбата Лепосавиќ, која се наоѓа во Митровичкиот регион во северно Косово, на самата граница со Србија.

Во полициското соопштение се наведува дека осомничените при идентификацијата и контролата не можеле да докажат дека влегле легално во земјата.

Слично

Поврзани вести