Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто клима уредите со повисоки цени се најевтини?

Зошто клима уредите со повисоки цени се најевтини?
Како се наближува периодот на грејната сезона , се актуелизира и прашањето на клима уредите, односно за изборот на истите. А тие, се почесто  стануваат идеално решение за многу куќи и станови, поради  повеќекратните бенефити што ги нудат, економичност ,енергетска ефикасност , удобност и комфор. Проблемот е што нив, на пазарот ги има многу, по различни цени и уште поразличен квалитет. Со оглед на фактот дека постојат многу непознаници, грешките што ги прават купувачите при изборот, монтажата или самото користење можат многу да чинат. Или со други зборови, намалениот комфор ,  намалениот век на  траење на клима уредот или зголемената потрошувачка на електирчна енергија се фактори на кој треба да бидат земени во прфедвид при одлуката каков клима уред ќе изберете, посебно што се работи за производ кој не многу често се купува во текот на еден животен век. Како правилно да одбереме клима уред? Не постои едноставен одговор на ова прашање од едноставна причина што за правилен избор  , потребно е да се знае точно просторот во кој се сака клима уредот да се вгради, ( големина, изолација, ориентација и сл.) како и навиките на лицата што ќе престојуваат во таа просторија.  Кратко  кажано, потребено е индивидуален пристап за секоја куќа или стан, од кои понатаму  ќе  следи и конкретна  понуда. Daikin Основна препорака е  клима уредите да се купуваат  во  специјализирани продавници за таа намена.Таму купувачот  ќе може да  добие  стручни совети и предлози  и  непосредно ќе  може  да се увери  во  изгледот, квалитетот и карактеристиките на клима уредите. Кога се купува клима уред, купувањето преку Webshop, каталог и сл. не е препорачливо. Kако можеме да бидеме сигурни во квалитетот на клима уредот? Денес на пазарот се  нудат разни трговски имиња на клима уреди  и затоа често се поставува прашањето што точно да се одбере. Цената  секако е важен услов  и истата  може многу да влијае при  изборот на квалитетен клима уред. Но секако треба да се има во предвид и изреката, а која не е далеку од вистината: производот  е толку добар, колку што е добар и неговиот сервис. Секој производ без разлика на тоа колку бил скап, може да се расипе. За да се  надминат  настанатите проблеми, најважен е експедитивен и квалитетен  сервис. Затоа при купување на клима уред, обавезно од продавачот  треба да се  информираме  дали имаат сопствена сервисна мрежа, со оргинални  и сертифицирани резервни делови. Исто така  кога  дефинираме  што е  тоа  квалитетен  клима уред, мислиме на можноста,  производот  во пракса да работи според декларираните карактеристики предвидени од производителот . Затоа при купување на климатизер , многу  важно е да се побараат од продавачот  следниве технички карактеристики:
  • капацитет( ефект) на греење и ладење
  • степен на енергетска ефикасност
  • ниво на бучавост
Бидејќи овие карактеристики  без посебни мерни инструменти  не може да се проверат, затоа треба да се бара потврда  за веродостојноста на декларираните карактеристики   со одредени Европски нормативи. Првите две карактеристики  ( капацитет и енергетска ефикасност ) се регулираат според нормативите    EN-14511 и EN-14825, додека нивото на бучавост се регулира и треба да го задоволува нормативот  EN-60335. Поедноставно е да се провери дали на секој клима уред, го содржи знакот за ЕУРОВЕНТ сертификат  како потврда на сите декларирани својства. EuroventCertificationMark Енергетска ефикасност на клима уредите Во почетокот на 2014 година, за сите земји членки на ЕУ  стапија  построги нормативи за енергетска ефикасност. Тоа наметна сите  така наречени обични или  ON-OFF клима уреди  повеќе  да не се произведуваат и продават, од проста причина што нивната технологија на работа не ќе може да ги задоволи новозададените нормативи за енергетска ефикасност. Затоа денес, во  земји на ЕУ, се произведуваат само инвертер клима уреди. Следна новина што се наметна со таа регулатива  беше  означувањето на енергетската ефикасност. Енергетската ефикасност  во режим на ладење што  до пред две години се означуваше со ЕЕR и се однесуваше при  една работна точка( температура )  на уредот , денес се означува со SEER (сезонска ефикасност на ладење) и ги зема во предвид  целогодишните услови на работа  на уредот ,во зависност од климатските зони. При тоа се добиваат значително поверодостојни и попрецизни податоци. SEER  вредноста за клима уред со  капацитет до  6 kW не  смее да биде под 4.6, односно  за клима уредите со  капацитет од 6 до 12 kW не смее да биде под  4.3 . Во режим на греење  енергетската ефикасност  е означена со  SCOP( сезонска ефикасност на греење)  и нејзината вредност  не би смеела да биде под 3.8 за капацитет до 12 kW. Овие вредности преведени во букви за енергетска ефикасност , соодветствуваат на ознаките A, A+, A++, и А+++. Значи доколку сакате  да имате современ клима уред, во согласност со новите ЕУ нормативи и стандарди, основно е да ги побарате од продавачот погоре наведените препораки. Единствено на тој начин ќе можете да ја оправдате вложената инвестиција, а клима уредот во целост да ги оправда вашите очекувања  во поглед на квалитетот, потрошувачката и шивотниот век.
Слично

Поврзани вести