Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Катар зимава нема да пренасочува гас во Европа?

Зошто Катар зимава нема да пренасочува гас во Европа?

Катар оваа зима нема да пренасочува гас во Европа.

Катар енерџи ќе го зголеми производството на гас, но нема да го пренасочува во Европа течниот гас (ЛНГ) договорен со азиските купувачи.  Неколку европски држави се обидуваат да добијат повеќе гас за да обезбедат замена за рускиот гас.

„Договорите за Катар се апсолутно свети. Значи, кога со азиските или европските купувачи ќе потпишеме договор, ние го почитуваме“, изјави извршниот директор на Катар енерџи Саад ал Кааби, воедно и катарски министер за енергетика.

Потребите на Европа се големи затоа што руски гас сочинуваше скоро 40 отсто од увозот. Катар планира раст на капацитетите за течен гас до 2027 година за 77 милиони тони на 126 милиони тони годишно. Земјава е во самиот врв во светот по извоз на течен гас.  Дел од земјите со Алжир и Азербејџан разговараа за набавка на гас. Поради руската инвазија на Украина, европските земји воведоа санкции за Русија, со цел да не ја финансираат војната на рускиот претседател Владимир Путин. 

foto freepik.com/evening_tao

Слично

Поврзани вести