Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто избравме Ford Mondeo?

Зошто избравме Ford Mondeo?

Споредба на Mondeo и Passat

Mondeo е многу значаен автомобил во семејството Ford. Поради ваквиот пиедестал на возилото, нормално е, инженерите и дизајнерите да вложат врвни напори и на глобалниот пазар да понудат автомобил со најнова технологија и забава зад воланот, како и со возбудлив дизајн кој изнудува реакции од јавноста. Затоа што, Ford продава стотици илјади примероци Mondeo годишно, за да не остане се само на возбуда и изненадување, повелете неколку факти за Mondeo и неговата конкурентска предност во однос на Volkswagen Passat.

ДИЗАЈН

Дизајнот на Mondeo е доминантен и лесно воочлив. Дефинитивно, своевидна револуција. Новото Mondeo има доминантна и самоуверена предница, што само по себе, говори за сериозен автомобил со уште посериозни амбиции. Предниот дел на возилото е премногу модерен и привлечен. Најголемо внимание предизвикуваат широките предни LED светлосни групи со секвенционалните трепкачи. Мора да признаеме, одличен детаљ. Ако возилото го гледате отстрана, ќе го забележите еволутивниот пристап на дизајнот. Самоуверен, динамичен, карактерен. Доколку се спореди со Passat, мора да се констатира дека секогаш бил малку конзервативно стилизиран. И најновата верзија на автомобилот, иако го адресира ова прашање, се уште е прилично органичен. Кога ќе ги погледнете оските на Пасатот, тие нема да предизвикаат голема возбуда. Исто е и со малиот број детали кои нема да ја привлечат вашата доверба кон овој автомобил.

Освен дизајнот, Mondeo покажува огромен напредок и во ентериерот. Привлечен и со високо ниво на квалитет на искористените материјали. Подобрена ергономија и лесно достапни прекинувачи за контрола на системите. Се е достапно преку големиот мултимедијален уред, кој бара неколкучасовно навикнување. Инструментите пред возачот се делумно дигитални и може да се прикажуваат многу различни податоци околу возењето.

Дополнително, седиштата се големи и комфорни, подготвени и за подалечни патувања.Лесно се нагодува добра возачка позиција, бидејќи седиштата се големи и комфорни. Има добра прегледност и лесно се маневрира. На задната клупа има доволно место за тројца патници. Интересен е новитетот со задните појаси кои се надувуваат во случај на незгода.

Импресионира можноста за препознавање на гласовни команди, со што контролирањето на разните системи и климата станува лесно и интуитивно. Ова го овозможува новиот SYNC систем, развиен од Microsoft, кој се вградува во Mondeo – лесно се поврзуваат неколку различни мобилни телефони.

Се препорачува возилото да се нарача со Mondeo сензори за паркирање. Ова е голем автомобил.

МОТОРИ

Нема да имате проблем да најдете мотор кој би му парирал на кое било од двете возила, но кај Пасатот има еден изненадувачки недосаток – се уште нема опција за бензинец.

Со 1.0, 1.5 и 2.0 литарските верзии на Фордовиот EcoBoost turbocharge бензински мотор, за секого има по нешто. Официјалните податоци од компанијата велат дека, Mondeo забрзува до 100 км/час за 8.3 секунди со максимална бризна од 223 километри на час. Ова се адекватни бројки на класата, на големината на возилото и на моторот.

Во поглед на моторните верзии, покрај со 1,5 и 2,0 литарските EcoBoost и 1,6 и 2,0 литарските TDCi мотори, Mondeo на почетокот ќе биде достапен и во хибридна варијанта која ќе располага со дволитарски бензински мотор и пакет батерии од 1,4 kWh. Изненадување што Ford гордо го обелодени е дека, Mondeo се нуди и соеднолитарскиот трицилиндричен EcoBoost мотор кој е најнаградуван мотор на сите времиња. Во понудата влегуваат и верзии со погон на сите четири тркала, а како ретко кој модел Mondeo е на располагање во изведби со четири и пет врати и како караван.

ВОЗЕЊЕ

Искусните возачи го сакаат Мондеото. Квалитетот на возење е светлосни години понапред од старите модели на Мондео поради комфорот и финесите, иако се бори да излезе на врвот како најдобар во класата.Мануелниот менувач – менувањето на брзините е прецизно. Одот на менувачот е краток и директен. Новитети, како дополнителна опрема во серијата, се активните системи за паркирање и самокочење во случај на опасност на градските улици, како и појасите на надувување за патниците на задните седишта и другите безбедносни системи. Ford ги издвојува и светлата во LED технологија со адаптивен систем за осветлување, кои за прв пат се најдоа на некој модел.

Шасијата со преден погон на Mondeo повторно е меѓу најдобрите во класата кога зборуваме за управливост и забава зад воланот. Според спецификациите, опремено Mondeo тежи околу 1600 килограми, иако во реалноста се чувствува како значително полесен автомобил. Веќе ги нема сите оние повратни информации од подлогата кои ги нудеше минатата генерација, но управувањето останува директно и прецизно, а автомобилот лесно и со ентузијазам ја менува насоката на движење. Тука сигурно помага и Integral Link задната суспензија како и вниманието кое европските инженери му посветија на управувањето на европското Mondeо.

БЕЗБЕДНОСТ

Големи фелни, сензори за паркирање, системи за самокочење при опасност на градските улици, цела лепеза воздушни перничиња и безбедносни системи – само дел од опремата што го поседуваат некои верзии на Mondeo во насока на зголемена безбедност на патниците во возилото. Автомобилот обезбедува и помош при стартување на угорнини, активна аеродинамика, централна брава, темпомат, загревање на ветробранско стакло и друго. На тестирањата за безбедност, EuroNCAP, Mondeo доби максимални 5 ѕвездички. Ford компанијата за своите сопственици обезбедува 24 часовна поддршка на пат на територија на цела Европа.

ВРЕДНОСТ

Општо кажано, Пасатот ќе Ве чини 10% повеќе за истите детали и избор на мотор во однос на Мондеото. Бензинските верзии на Мондеото се прилично поевтини, онаму каде што се достапни. Кај поевтините верзии, овие два модела се пресметуваат со опремата, каде што Мондеото е за „влакно“ подобар со неговата дво-зонска климатизација.

Најскапата варијанта на Мондеото е изненадувачки евтина, но исто така и изненадувачки слаба на опрема – паркинг сензорите и кожните седишта се достапни како додатни опции.

Мондеото, се уште, нуди поголема вредност за парите и подобро возење, а Пасатот се уште има добра изработка и рафиниран изглед. Може да се каже дека и двата бренда сториле сé што можат да ги асимилираат доблестите на својот ривал, без притоа да си наштетат на сопствениот идентитет.

Но на крајот бидејќи треба да се одлучи за еден модел по нашата анализа тоа ќе биде Автомобилот на Годината во Македонија за 2015 Ford Mondeo.


Слично

Поврзани вести