Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Хрватска упати протестна нота до Словенија?

Зошто Хрватска упати протестна нота до Словенија?

Хрватска испрати дипломатска нота до Словенија за казните кои им ги испрати на хрватските рибари за риболов во спорниот дел Пирански залив. 

Земјата објави дека ќе одговори со иста мерка.

Словенечката полиција ги испратила првите 14 казни за хрватските рибари од Савудрија и Умаг, а следната недела ќе продолжи да го спроведува законот на сличен начин.

Рибарите беа осудени „за незаконско поминување на словенечката граница", објави полицијата на својата веб-страница и предупреди дека влезот во Словенија би можел да биде забранет за оние кои нема да  ја платат казната.

Хрвтското Министерството за надворешни и европски прашања испрати дипломатска нота до словенечката амбасада во Загреб, со објаснување дека рибарите биле „во хрватските подрачја на море".

Словенија на 30 декември започна еднострано да ја спроведува одлуката на Арбитражниот суд, според која, поголем дел од Пиранскиот залив ѝ припаѓа на Словенија, вклучително и преминот до меѓународните води.

Слично

Поврзани вести