Зошто Хрватска, Бугарија и Романија е најлошата тројка во ЕУ?
Хрватска, Бугарија и Романија е најлошата тројка во ЕУ, кога е во прашање куповната моќ на граѓаните и стандардот.
Романија ја стигна Хрватска по реалната потрошувачка на нејзините граѓани, а куповната моќ во Хрватска е падната на 58% од онаа во ЕУ. Од неа полоша е само Бугарија, објави Евростат. Најбогати се Луксембург, Германија и Австрија.
Даниел Нестиќ, истражувач од Економскиот институт во Загреб вели дека реалната потрошувачка на граѓаните покажува колкав е степенот на благосостојба.
Шокантно е дека Романија не стигна, смета тој.
Стандардот во Србија е на 45% од просекот во ЕУ, Црна Гора 52%, Македонија 40% и БИХ 38%.
Слично
