Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Грците се иселуваат во странство?

Зошто Грците се иселуваат во странство?

Соседна Грција е земја со голема емиграција и оваа појава покажува дека заради кризи во 20 и 21 век државата ја напуштиле 1.764.000 Грци.

Овие бројки се наведени во извештај на грчката Централна банка.

„Миграцијата и сиромаштијата се двата најголеми фактори за несреќа на едно општество кое живее во перманентна криза. Тој процес трае и не може да се прогнозира кога ќе заврши. Со сигурност може да се каже дека е тоа третата масовна емиграција на Грци (првата од 1903-1917, втората од 1960 до 1972 година и третата од 2010 досега“ - изјави за весникот Катимерини,  Софија Лазарету, економист во банката.

Од 2008 година досега бројот на луѓе кои ја напуштиле државата на возраст од 15 до 64 години е над 427.000.

Пред три години имало тројно повеќе емигранти Грци во споредба со 2008 година. Таа појава продолжила и во 2014 година и земала замав во првата половина на 2015 година.

Грција е меѓу земјите во ЕУ со највисока стапка на невработеност. Таа се соочува со финансиска криза последниве години.

Слично

Поврзани вести