Зошто Груевски не се сретнал со Хајндл?
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нивна делегација денеска се сретнала со Хајндл, но тоа не го направил и лидерот на партијата, Никола Груевски.
Од партијата одговараат дека Груевски е на патување, поточно на свадба надвор од државата со семејството и затоа не се сретнал со посредникот. Неговиот престој во странство завршува утре.
По денешната средба на Хајндл со делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата информираа дека се разговарало за актуелната политичка состојба, за позициите и ставовите на партијата, поврзани со постигнување на решенија од областите опфатени со политичкиот договорот постигнат лани, како и за европските интеграции како дел од стратешките приоритети на државата.
Хајндл е четврти пат во земјата и ќе се сретне со државниот врв и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Целта на посетата е што побрзо да се најде решение за кризата во Македонија.
