Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто греењето со ДАИКИН може да биде толку евтино?

Зошто греењето со ДАИКИН може да биде толку евтино?
Иако грејната сезона и официјало започнува од денеска, позимурливите граѓани сигурно веќе ги активирале своите грејни тела. Но има и такви кои сеуште размислуваат,  што да одберат кога  станува збор за изборот на греење. Дали да ги затоплуваат  домовите  со дрва,со некое  грејно тело од типот на термо печка, грејалка, пелети, панелен радијатор или со клима уред. Со оглед на фактот дека како држава и како граѓани постојано кубуриме со пари,  останува предизвикот да се пронајде  најевтиното и најефикасното греење. Тука грешка нема, се работи за домаќински пристап со цел што е можно помалку  да се оптовари домашниот буџет, а притоа да се обезбеди квалитетно затоплување на домашниот амбиент. „Од пред две  години изборот  за греење во нашиот дом се инвертер клима уредите на ДАИКИН -  Emura и  Nexura  Станот со вкупна квадратура од 90  м2 го загревам со три единици распоредени  во секоја  просторија пооделно  , и тоа со капацитети:две единици од по 3,5кw и една од  5kw . Климите   се  инвертер технологија  со висока А енергетска класа.Во просек дневно  работат по  10 па и повеќе  часа ,бидејќи сме фамилија со мали деца. . Станот е релативно  нов,   сместен во новоизграден објект во кој  постои  добра изолација и  е со  североисточна   оринтација. При ваков режим на работа, просечната  потрошувачка на електрична енергија на  месец,( калкулирано  за шест месеци  колку реално трае една грејна сезона,) се движеа измеѓу 3000 – 3500 ден во зависност  од дневните температури. Да додадам дека ова се сметки за севкупно-  потрошена електрична енергија, вклучувајќи ја и потрошувачката на другите апарати за домаќинство“ вели стоматологот Игор Стефанов,  жител  од населбата Дебармаало. 1408524354_FVXG-K-2 Со оглед на ниските сметки што ги добива за потрошената електрична енергија, пресметктие на Стефанов велат дека инвестицијата вложена за трите клими, ја вратил за  две години, притоа потенцирајќи дека придобивките не се само во евтиното загревање на домот. „Ова  решение за нас  е повеќекратно исплатливо, не само поради потрошувачката, туку и поради тоа што се постигнува,  побрзо затоплување,безшумни се, нема  ослободување на штетни гасови .Напротив со  вградените филтри во самите клими  се врши автоматско прочистување на просторот од непријатни мириси, разни алергени, прашина и сл. Клима уредот исто така ефикасно го користиме и во летниот период за разладување“  вели Стефанов. Klima-G-Serisi-Klimalar-Daikin-Klima-ftxs-g-52F- Ваквите рационални  размислувања сѐ повеќе ги тераат граѓаните да избираат  греење со клима уреди, затоа што на тој начин најбрзо го стоплуваат домот со прилагодена и посакувана висина на  температурата. Затоплувањето со клима е погодно и во однос на периодот од денот за оние семејства кои се отсутни од домот сѐ до вечерните часови..Исто така  во последно време  се поголем е трендот да се користат апарати со  висока енергетска ефикасност со што се намалува потрошувачката на електричната  енергија. Кај клима уредите енергетската ефикасност се одредува преку соодносот помеѓу добиената топлина и потрошената електрична енергија.  Тоа се гледа преку  коефициентите  ЅСОР и  ЅЕЕR. „Се со цел да им помогнемe на граѓаните во изборот  на најдобро и најсоодветно решение за затоплување,, ИЦС ГРУП со почетокот на грејната сезона   ја стартуваше акцијата   ДАИКИН ВО СЕКОЈ ДОМ-. Акцијата опфаќа   10%  попуст на  моделите од залиха  или можност за плаќање на 6 и 12 рати без камата  во соработка со Тутунска банка.Сите модели  се високо енергетско-ефикасни, со вградени  филтри кои дополнително ја прочистуваат  просторијата ,безшумни се  и се  со гаранција до три години. На сите заинтересирани им нудиме  бесплатни совети , проекти за правилно и точно одредување на капацитетот  на клима уредот ,како и дефинирање на место-положбата на истиот за секој простор пооделно. Доставата  до секое место од државата е  бесплатна“- ни  изјави Љубомир Илков управител на фирмата  ИЦС ГРУП. IMG_1372 Според ИЦС ГРУП интересот на граѓаните за инвертер клима уредите се повеќе расте, пред се поради фактот што на нив корисниците почнаа да гледаат како на  долготрајна инвестиција,  која како производ  може да се користи во текот на целата година, зависно од  потребите.
Слично

Поврзани вести