Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Грција го ограничува летањето дронови?

Зошто Грција го ограничува летањето дронови?

Летањето дронови ќе биде строго ограниченo во воздушниот простор на Грција. 

Ова е согласно новата одредба на службата за цивилно воздухопловство, која влегува во сила на 1 јануари 2017 година.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, со новото правило треба да се стави крај на неконтролираните летови на дронови, од кои некои поради добри технички карактеристики можат да бидат опасни за авионите или да се користат за криминални цели.

Предвидено е да се регистрираат сите дронови кои можат да летаат на висина од над 50 метри и лицата кои ги користат. Со новите правила ќе треба да се поднесува и план за летање, а дроновите нема да можат да се летаат на височина над 120 метри.

Службата за цивилно воздухопловство забранува и летање на дронови над групи луѓе, а се предвидува и режим на исклучоци. Правилникот предвидува задолжителни осигурувања при евентуални материјални штети кај дронови кои се користат за професионални цели.

За прекршување ќе следат парични казни во висина од 500 до 250.000 евра.


Слично

Поврзани вести