Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто „Гранит“ има поголеми приходи од лани, а добивка е речиси иста?

Зошто „Гранит“ има поголеми приходи од лани, а добивка е речиси иста?

Во услови кога приходите од продажба во однос на лани пораснале за 422 милиони денари, а оперативните расходи за 306 милиони денари, оперативната добивка е пониска за 9 отсто, а добивката пораснала за помалку од 5 милиони денари. Зошто?

Добивката на најголемата македонска компанија „Гранит“ бележи минимален раст во услови кога неговите оперативни приходи пораснале значајно, се гледа од билансот на успех за периодот јануари – септември објавен на интернет страницата на „Македонската берза за хартии од вредност. 

На прв поглед е воочливо дека компанијата иако ги зголемила оперативните приходи сепак не успеала да обезбеди значаен раст на својата добивка, што всушност е и главен интерес на нивните акционери. 

Споредбата на податоците покажува следно: оперативните приходи на „Гранит“ годинава пораснале за 385 милиони денари и изнесуваат 3,075 милијарди денари (речиси 50 милиони евра), неговите оперативни расходи во истиот период пораснале за 306 милиони денари до износ од 2,91 милијарди денари и се повисоки за 306 милиони денари од лани. 

Сепак и во вакви услови оперативната добивка на компанијата е 129,6 милиони денари и е пониска за 9 отсто односно за 12,5 милиони денари во однос на истиот период лани. 

Разликата меѓу приходите од продажба и расходите уште позбунувачка

Ако се спореди разликата меѓу приходите од продажба и оперативните расходи, годинава и лани, состојбата е уште подрастична. Продажбата е 2.377,6 милиони денари и е за 422 милиони денари повисока од продажбата во првите девет месеци лани. Оперативните расходи на компанијата во овој период пораснале за 306 милиони денари. Значи дека разликата меѓу растовите на приходите од продажба и расходите е 116 милиони денари во корист на приходите од продажба. 
Во структурата на расходи на „Гранит“ доминираат услугите со карактер на материјални трошоци е 1,038 милијарди денари и тие се повисоки за над 272 милиони денари од истиот период лани. Тоа е раст од 36 отсто. Останатите трошоци од работење пораснале за 119 отсто односно за 114 милиони денари до износ до 209,1 милиони денари. Благ раст од 25 милиони денари има и кај ставката трошоци за суровини и други материјали. Значаен раст има и кај ставката останати трошоци во износ од 60,5 милиони денари односно 70 отсто повеќе од однос на лани. Од друга страна значајно кратење од 123 милиони денари има кај ставката набавна вредност на продадени материјали, резервни делови , ситен инвентар и друго.

Добивката ја билдаат финансиските приходи!

Значајно влијание врз добивката на „Гранит“ имаат финансиските приходи, а особено се истакнуваат уделите во добивката на придружени друштва. Во оваа структура ставката приходи од камати и курсни разлики носи 28,8 милиони денари и тоа е 35 отсто помалку од лани. Клучна улога има ставката од уделите и таа носи 38,35 милиони денари и во споредба со лани е повисока за повеќе од 6 пати! Двете ставки заедно носат 1,1 милиони евра односно 67 милиони денари. Наспроти тоа зголемување менаџментот успеал да ги намали финансиските расходи за 8 отсто односно за 0,8 милиони денари до износ од 9,6 милиони денари. Така 58,5 милиони денари од разликата мешу финансиските приходи и расходи се додаваат на оперативната добивка за „Гранит“ годинава да стигне до 187,1 милиони денари нето добивка за првите девет месеци.  


Слично

Поврзани вести