Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Германија се соочува со забавен економски раст?

Зошто Германија се соочува со забавен економски раст?

Германскиот економски раст забавува во третиот квартал до најбавната стапка од пред една година, пишува „Bloomberg“.

На годишна основа, растот во периодот јули-септември е 1,7%. Иднината на најголемата економија во еврозоната е најважна за обновување во 19-члениот монетарен сојуз. Наскоро ќе бидат објавени податоците на Евростат за растот во еврозоната и кои се очекува да покажат просечни нивоа на раст. Германската централна банка Бундесбанк веќе соопшти дека економијата забавила во летните месеци, но тоа може да е привремен феномен.

БДП-то на федералната република се проширува со 0,2%  на квартална основа, покажуваат сезонски прилагодените податоци на статистичката служба „Destatis“. Тоа е под очекувањата на економистите анкетирани од „Bloomberg“, кои прогнозираа зголемување од 0,3 %. Во вториот квартал германската економија порасна за 0,4%.

„Bloomberg“ потсетува дека Европската централна банка (ЕЦБ), за помалку од четири недели ќе претстави преглед на програмата за стимулации. Тогаш институцијата најверојатно ќе го има во предвид зголемениот бран на популистички критики кон меѓународните трговски договори.

Експанзијата во Германија во последниот квартал е управувана главно од домашната побарувачка, а и приватните и државните трошоци се зголемуваат. На растот му натежнува слабиот глобален раст, при што извозот благо се намалува. Инвестициите во опрема се намалуваат, а изградбата бележи раст.


Слично

Поврзани вести