Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Германија е најдобро место за кариера?

Зошто Германија е најдобро место за кариера?

Германија е најдоброто место за продолжување на кариерата, покажува ново истражување.

Германија за прв пат ја победи Шведска. 

Меѓународната банка „HSBC” објави листа на најдобри земји за работа, а Германија е на врвот на листата за „амбициозните глобални патници кои сакаат да ја продолжат кариерата во некоја друга земја”. 

5 отсто од испитаниците оцениле дека станува збор за најпродуктивна земја за работа, 70 отсто од нив сметаат дека рамнотежата помеѓу приватниот и деловниот живот е далеку подобра во Германија. Бидејќи некои компании дури и им забрануваат на своите вработени да ги проверуваат мејловите за време на викендите, Германија е втора најдобра работна култура на светот. 

3 отсто од испитаниците сметаат дека работата во Германија им е посигурна, а 77 отсто од нив велат дека нивните шанси за заработка се подобри отколку во земјата од која што доаѓаат.

На третото место е Велика Британија која постигнала напредок во рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот и заработувачката.

Врз основа на анкетата која опфатила повеќе од 22.000 меѓународни работници, амбициите во кариерата се главната причина поради која луѓето се селат во странство. 

Слично

Поврзани вести