Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Европејците ja мразат ЕУ?

Зошто Европејците ja мразат ЕУ?

Американскиот весник Вашингтон пост наведува седум причини поради кои Европејците имаат негативен став кон унијата.

Првата причина е потребата да плаќаат за европските бирократи. Станува збор за премногу високите плати на некои претставници на Унијата.

Додека одделни земји од ЕУ се принудени да применат мерки за штедење, вклучувајќи намалување на платите на државните службеници, мнозинството вработени во уредот на Европската унија добиваат дарежливи надоместоци, оданочувани со минимални даноци.

Втората причина се скапите патувања. Европскиот парламент е должен секој месец да се собере во полн состав во Стразбур, иако најголемиот дел од активностите на ЕУ се регулира од Брисел. За тоа по една недела во месецот целиот апарат – законодавци, помошен персонал, лобисти, новинари и сите други – вкупно 10.000 луѓе – за 5 часа патуваат за Стразбур. Трошоците за сместување во Стразбур и Брисел се проценуваат на 200 милиони долари годишно.

Понатаму следат нормите на ЕУ, со кои Брисел оди премногу далеку. Се споменува декрет на Еврокомисијата, индикативно за силувањето на Брисел – за закривување на бананите. Декретот регулира колку криви треба да се бананите понудени од страна на производителите и трговците. Приврзаниците на излегувањето на Велика Британија од составот на ЕУ велат дека Британците имаат право да решаваат колку криви да се нивните банани, појаснува американскиот новинар.

Четвртата причина е недостатокот на транспарентност. Сериозните одлуки на ЕУ се донесуваат зад затворени врати. Лидерите на ЕУ само ја објавуваат одлуката, а новинарите мора да си играат детективи и да разјаснат кој за што или против се залагал.

Петтата причина е фактот дека ЕУ не обрнува никакво внимание на неусвојувањето од избирачите на одредена иницијатива и како резултат наоѓа начин да не ја протурка. Поспецифично, во 2005 година гласачите во Франција и Холандија гласаа против уставот, предложен од Брисел. Две години потоа ЕУ го склучи Лисабонскиот договор, кој во многу односи го повторуваше отфрлениот устав, но овој пат не беше потребна согласност на избирачите.

Шестата причина е големиот број скапи преведувачи. Може поинаку да се гледа стремежот на ЕУ да преведува практично сè на своите 24 официјални јазици – како сведоштво за меѓународниот триумф или како непотребното користење на ресурсите. Во Европската комисија, пишува Бирнбаум, работат 1.750 лингвисти, 600 постојани преведувачи и 3.000 преведувачи хонорарци.

Тука спаѓа и вишокот бирократија. На секоја земја од ЕУ се наложува да назначи еврокомесар, чија главна задача е да раководи со одредена сфера од работењето – по аналогија на министрите.

Слично

Поврзани вести