Зошто ЕСМ купи огромна количина мазут за РЕК Битола?
Во повик кој заврши на 21 јануари, ЕСМ купи огромна количина од 33,66 милиони тони мазут само за функционирањето на термоелектраната РЕК Битола, која инаку првенствено работи на јаглен.
На повикот одбрана е Пертинакс, компанија за тргување со горива на големо и мало, на бизнисменот Зоран Ивановски. Набавката ќе чини 15 милиони евра. Понудувачот е избран изминатиот петок.
Набавката е за една година и количински е исклучително голема, ако се знае дека и пред еден месец Пертинакс беше избран меѓу три понуди да набави 14.000 тони мазут за двете термоцентрали - РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Пертинакс е фирма која и претходно била ангажирана за набавка на мазут за термоелектраните на ЕСМ. Во лиценцата на друштвото пишува дека има под наем две надземни скадишта за мазут од по 250 метри кубни во Ресен.
Кога се користи интензивно мазут во термоцентралите на ЕСМ?
1. Во зимскиот период (ладна сезона)
РЕК Битола користи повеќе мазут во текот на зимските месеци кога лигнитниот (јагленот) е влажeн од врнежи од дожд/снег и има пониска калорична вредност. Во такви ситуации мазутот се додава во котлите за да се подобри согорувањето и да се одржи стабилно производство на електрична енергија.
2. При ниска калорична вредност на јагленот
Кога ископаниот или увезен јаглен има ниска калорична вредност, РЕК Битола го користи мазутот за да ја зголеми вкупната топлинска енергија потребна за ефикасно согорување.
3. Кога има проблеми со снабдувањето или квалитетот на јагленот
Ако има потешкотии со набавка или квалитет на јаглен (на пример влажност или намалени количини), електраната може повеќе да се потпира на мазут како дополнителен извор на енергија.
