Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО Е ТАКА: Еврозоната економски е чекор пред Велика Британија

ЗОШТО Е ТАКА: Еврозоната економски е чекор пред Велика Британија

Економијата во еврозоната расте двојно побрзо од економијата на Велика Британија. 

Ваква е состојбата во последните месеци според податоците на Евростат. 

Податоците покажуваат дека БДП на 19-те земји кои го користат еврото се зголемил за 0,6% во вториот квартал од оваа година, во споредба со 0,5% во првиот.

Во Велика Британија  економијата пораснала за само 0,3% во втората четвртина на 2017 година и за 0,2% во првата.

Растот во еврозоната се забрзал, а невработеноста се намалила поради мерките преземени од ЕЦБ за заживување на активноста.

Невработноста во еврозоната опадна во јуни на најниското ниво од февруари 2009 година. 

Стапката на невработеност во 19-члената еврозоната падна на 9,1 проценти во јуни од 9,2 проценти во мај, стои во соопштението на Евростат. 

Слично

Поврзани вести