Зошто е поквалитетно и поекономично да се ладиме со топлотните пумпи?
Топлотните пумпи овозможуваат голем комфор и идеална клима за корисникот. Тие се тивки во својот работен режим, а нивното користење е крајно едноставно. Трошоците за одржување се ниски и не бараат секојдневна посветеност како кај останатите конвенционални системи за греење (пелети, дрва, нафта). Предноста на топлотните пумпи е што обезбедуваати и ладење на предвидениот простор, што со користење на друг конвенционален извор на загревање не е можно, односно потребни се дополнителни инвестиции за обезбедување на други системи за ладење на просторот.
Управувањето со топлотните пумпи е многу едноставно и софистицирано преку современ кориснички интерфејс кој нуди детален приказ, едноставна навигација и паметни контролни функции.
Оваа инвестиција последните неколку години стана и исклучително исплатлива инвестиција. Во последните неколку години, комерцијалните банки нудата поволни еко- кредитни линии, кои се строго наменети за подобрување на енергетската ефикасност на објектите што подразбира инсталирање на енергетски ефикасени системи за греење. Каматните стапки на банките веќе го достигнаа нивото од 4.7% со што повратокот на инвестицијата кај топлотните пумпи се движи од 1 до максимум 5 години. Сите овие чекори само дополнително укажуваат на фактот дека се работи за инвестиција која не само што обезбедува квалитетно ладење и греење туку истата преставува и економична инвестиција која обезбедува енергетско ефикасни решенија.
Слично
