Зошто е БИХ втора најтажна земја во светот?
БИХ е втора најтажна земја во светот кога е во прашање бројот на вработени и цените за живот, објави американската медиумска и истражувачка куќа Блумберг.
Индексот на сиромаштија се пресметува така што се зема во обзир инфлацијата, растот на цените и стапката на невработеност. БИХ доби 48,97% што е втор најлош резултат на светот.
Во истражувањето офатени беа 74 светски економии, а полоша од БИХ е Венецуела каде падот на цените од нафтата доведе до недостиг на храна и лекови, а инфлацијата е 181%.
Венецуела доби индекс на сиромаштија 188,2% и тој е најголем во светот.
Трета е Јужноамериканската република со индекс на сиромаштија од 32,90%.
Од друга страна најсреќно место за живеење е Тајланд каде индексот на сиромаштија е 1,11%. Таму невработеноста е 1%, а цените на храната растат годишно за 0.1%.
Ја следат Сингапур и Јапонија со 1.40% и 2.70% сиромаштија.
Британија е на 17 место, САД на 21 и Кина на 23 место.
