Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Џо Бајден го сака Балканот?

Зошто Џо Бајден го сака Балканот?

Весникот „Политико“ пишува дека има пет работи поради кои американскиот претседател Џо Бајден ја сака Европа, а една од нив е Балканот. 

Постојат пет места кои Бајден најмногу ги сака во Европа, а тоа се Ирска, Балканот, седиштето на НАТО, Минхен и Унгарија.  „Политико“ наведува дека многу американски политичари имаат ирско потекло, а таков е случајот и со двајцата родители на Бајден.

Се споменува и поранешна Југославија, регион полн со историски поделби кои, како што наведува „Политико“, не се разликуваат многу од ситуацијата во Ирска. Според „Политико“, Бајден никогаш не се откажал од Балканот, враќајќи се на него повторно и повторно, и долго откако повеќето западни политичари го изгубиле интересот.

Откако стана потпретседател во 2009 година, Бајден повторно го посети регионот. Во 2016 година тој веше на Косово поради отворањето на новиот автопат именуван по неговиот покоен син Боу, кој, пак, своевремено волонтираше во Косово.

Премиерот Зоран Заев кој вчера во Брисел имаше средба со американскиот претседател Џо Бајден, денеска на прес-конференција изнесе детали за состанокот. Рече дека средбата меѓу нив траела десеттина минути и дека имал можност да го покани Бајден да ја посети Македонија, која порачал дека ќе направи напори да дојде.

Слично

Поврзани вести