Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто доларот паѓа во однос на еврото?

Зошто доларот паѓа во однос на еврото?

Доларот ослабе, a цените на нафтата се зголемија. Втор ден по ред доживува пад. 

Вредноста на доларот се намали во однос на европската валута. Цената на еврото достигна 1,0580 долари, а вчера во ова време беше 1,0505 долари.  Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 136,80 на 136,05 јени. Еврото трета недела по ред расте во однос на доларот. Цените на нафтата, пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,91 отсто, на 76,80 долари, а на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 72,10 долари.

За следната година американската агенција за енергетски информации предвидува дека цената на нафтата од типот „брент“ во просек ќе биде 92,36 долари за барел.

Американската енергетска информативна агенција (ЕИА) ја ревидираше својата прогноза за цената на суровата нафта од типот Брент за следната година, наведувајќи го очекуваното зголемување на глобалните залихи на крајот на 2023 година.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести