Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто доларот и цената на нафтата „паднаа“ на дното?

Зошто доларот и цената на нафтата „паднаа“ на дното?

Доларот паѓа втор ден по ред, a се намалуваат и цените на нафтата.

Индексот на доларот,  кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, се движи околу 96,46 бода, а вчера во истото време беше 96,64 бода.

Доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 113,05 на 112,95 јени.

Тој ослабна и во однос на европската валута, а цената на еврото достигна 1,1410 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1395 долари.

На американскиот пазар цената на барелот утрово падна за 2,4 отсто, на 53,35 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1 отсто, на 62 долари.

Цените на нафтата се во фокусот на инвеститорите затоа што се плашат дека забавувањето на растот на глобалната економија ќе предизвика ослабување на побарувачката за енергенси и дека понудата повторно ќе биде поголема од побарувачката.

Во последните месец и пол цените на нафтата паднаа за повеќе од 25 отсто и се на најниско ниво годинава.

Неочекувано пред два дена паднаа залихите на нафта во САД што влијаеше на цената.

Нафтените пезари деновиве беа погодени од вчерашниот стрмен пад на цената на финансиските пазари поради загриженост за светската економија.

Слично

Поврзани вести