Зошто денарските депозити се сеуште најинтересни?
Не постои посигурен финансиски инструмент од депозитите. Средствата се оплодуваат со стапка повисока од стапката на инфлација , а ризикот е речиси сведен на нула. Фондот за осигурување на штедните депозити, со превземената обврска за нивно осигурување, обезбеди комотна позиција на потенцијалните штедачи да воопшто не се двоумат за сигурноста на сопствените заштеди.
Ако на вака истрасираната позиција се додадат и атрактивните каматни стапки одговорот на прашањето Зошто депозитите се сеуште најинтересни?, е повеќе од извесен. Прикаската неодамна ја комплетира Охридска банка Сосиете Женерале, каде каматната стапка на денарските депозити ги достигна и атрактивните 4.90%.
По системот на зголемени, растечки и гарантирани каматни стапки на денарски депозити, Охридска банка Сосиете Женерале ги дософистицира тајните на депозитното работење. Така сега, сите оние кои ќе одлучат да штедат и да ги орочат своите средства на 12, 24 или 36 месеци, добиваат фиксни и гарантирани каматни стапки за целиот период на орочување.
Дополнително, за оние на кои им се потребни средства на пократок временски период , односно до 12 месеци предвидена е растечка каматна стапка. Така на секои три месеци прогесијата се реализира од 1% во првото тромесечие до 3,50% во последните три месеци.
Прикаска има и за штедните денарски депозити орочени на 24 месеци. Висината на каматната стапка се зголемува од 1,20% во првите шест месеци до 4,25% во последните шест месеци.
Сепак, најповолна опција е штедењето на 36 месеци бидејќи каматната стапка која почнува со 1,40% во првите шест месеци ќе достигне атрактивни 4,90% во последните шест месеци од штедењето.
Минималниот влог кој треба да се инвестира за да заживее оваа прикаска изнесува 15.000 денари. Можноста за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противредност остануваат.
Одамна заврши времето на чување пари во домот. Кога на пазарот се нудат вакви атрактивни услови за штедење, не постои ниту едно место кое е посигурно од инвестирањето на парите во банка.

