Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто цената на лешниците вртоглаво расте и како тоа влијае на чоколадото?

Зошто цената на лешниците вртоглаво расте и како тоа влијае на чоколадото?

Цените на лешниците низ целиот свет се зголемија за повеќе од 30 проценти од почетокот на годината. Странските медиуми објавуваат дека една од причините е студениот април во Турција, кој оштети многу род и значително ја намали реколтата, што особено ги погодува производителите на чоколадо. Покрај тоа, цените на какаото растат и на долг рок, што дополнително влијае на конечната цена на производите во кои се користат лешници.

За земјоделците кои постигнуваат принос од приближно два тона на хектар, заработката може да достигне 10.000 евра, а во исклучително успешни години, дури и повеќе. Долгиот животен век на плантажите, кој може да биде до половина век, го прави лешникот многу профитабилна култура во овоштарството, што се потврдува со растечкиот број нови плантажи во различни региони.

Глобалното производство на лешници расте за околу 3 проценти годишно, според податоците од Меѓународниот совет за јаткасти плодови и сушено овошје. Во вкупната потрошувачка на јаткасти плодови, лешниците се на петтото место со 11 проценти, зад бадемите (27 отсто), оревите (22 отсто), индиските ореви (20 отсто) и ф'стаците (14 отсто.

Во сезоната 2022/23, глобалната реколта достигна 585.150 тони, што е највисок резултат во последните десет години. Турција води со 71 процент од вкупното производство, додека Италија следи со околу 10 проценти. Одгледувањето лешници се зголемува и во САД и Чиле.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести