Зошто цената на гасот во Европа е најниска од мај 2024 година?
Цените на фјучерсите за природен гас на холандската берза TTF денеска паднаа на помалку од 30 евра за мегават-час, за прв пат од мај 2024 година.
Според податоците од берзата, цената на гасот на отворањето денеска изнесуваше 29.985 евра за мегават-час.
Во февруари оваа година, гасот беше речиси двојно поскап од денеска.
Како што објавува „Блумберг“, падот на цените на гасот во Европа е последица на преговорите за можен мировен договор меѓу Русија и Украина.
Соединетите Американски Држави презентираа план од 28 точки кој вклучува безбедносни гаранции за Украина моделирани според Член 5 од НАТО, пакт за ненапаѓање, повлекување на Украина од членството во НАТО и намалување на големината на украинската армија.
Европската Унија понуди свој план од 24 точки, без забрана за влез на Украина во НАТО, но со предлог Украина да се приклучи на Унијата и прекинот на огнот веднаш да стапи на сила, објавија медиумите.
Русија порано беше главен снабдувач на гас за Европската Унија, додека сега обезбедува околу 10 проценти од увозот.
foto freepik.com