Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто цена на нафтата под 60 долари не е одржлива?

Зошто цена на нафтата под 60 долари не е одржлива?

За да има економска смисла развојот на нови нафтени полиња, просечната пазарна цена на нафтата треба да надмине 60 долари за барел. 

САД во последните десет години стана земја која е клучен нафтен играч и успеа во голема мера да ја разбие олигополната структура на пазарот, наметната од ОПЕК.

Меѓу 2007 и 2015 година производството на шкрилци на нафта во САД порасна од 1,2 милиони барели на ден до 5,5 милиони барели на ден во март 2015 година, или малку повеќе од половина од вкупното производство на сурова нафта во земјата.

До крајот на 2014 година светската побарувачка успеваше да го апсорбира вишокот и пазарот беше избалансиран. По 2014 година и до почетокот на 2016 година, делумно поради забавување на светската економија и делумно поради зголемениот принос на шкрилци на нафта, побарувачката на нафта заостана значително од понудата што имаше за резултат вишок од 0,9 милиони барели на ден во 2014 година. 

Бројот на активни нафтени платформи регистрира пад од 1300 на почетокот на 2015 година до 367 до октомври 2016 година, или намалување од 70%. Во исто време, сепак, ископувањето на шкрилци на нафта за истиот период падна со само 12% до 4,5 - 4,6 милиони барели на ден. 




Слично

Поврзани вести