Зошто Carrefour си замина од Македонија?
Заминувањето на Carrefour од Македонија повторно ќе биде проследено со многу контроверзи. Зошто не успеа овој бренд во Скопје Сити Мол?
Како што веќе јавивме Carrefour си заминува со големи доглови кон своите добавувачи но и кон банките, кои веќе ги покренаа активирањето на хипотеките за да си ги враќаат своите побарувања.
Сопственик на маркетот во Македонија како што јавуваа медиумите беше грчката компанија Маринопулос која ги купи Карфур маркетите во Грција, откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција.
Овој хипермаркет се простираше на површина од 4.650 квадратни метри и беше од најголемите во земјата.
На пазарот ја имаше конкуренцијата од Веро, Тинекс, Жито маркети, но тешко дека причината за затворањето лежи во конкуренцијата, особено што беше единствен ваков маркет во трговскиот центар. Подолго време компанијата пливаше во долгови, а рафтовите често беа празни, купувачите се помалку наминуваа.
Ова не е прв супер бренд кој си заминува од Македонија. Пред неколку години тоа го направи Мек доналдс, оставјќи исто како и сега Carrefour многу прашања зад себе.
Слично
