Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Бугарија не може да го прифати еврото?

Зошто Бугарија не може да го прифати еврото?

Економијата е стабилна, но законот не ги исполнува стандардите за еврозоната.

Ниту една од седумте земји кандидати за влез во еврозоната, меѓу кои е и Бугарија, не ги исполнува критериумите за членство. Ова се наведува во извештај на Европската централна банка.

Според извештајот, иако и економиите на Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска се стабилни, нивното законодавство не ги исполнува стандардите на ЕЦБ.

Седумте земји ги почитуваат повеќето од квантитативните економски критериуми, но ниту една од нив не ги исполнува сите обврски поставени во договорот, вклучувајќи ги и правните критериуми за сличност.

„Во ниту една од овие седум земји правната рамка не е целосно компатибилна со сите барања за прифаќање на еврото"- велат од ЕЦБ.

Недоследности има најмногу во врска со институционалната и финансиската независност на централните банки, се вели во извештајот.

Слично

Поврзани вести