Зошто бомбардирањето во Јемен ги потресе енергетските пазари
Иако Јемен генерираат под 0,2% од светската екстракција на нафта, поставеноста на земјата ја става во центарот на глобалната енергетска трговија.
Јемен граничи со Саудиска Арабија - најголем извозник на нафта и се наоѓа на клучната рута за снабдување од Персискиот Залив кон Запад. Денеска цените скокнаа со над 5%, откако арапска коалиција почна да ги бомбардира бунтовниците во државата која има произведено помалку нафта од Данска во 2013 година, забележува агенцијата „Bloomberg“.
Јеменската владa се распадна при офанзивата на бунтовниците хути што ja натера Саудиска Арабија да започнe воздушни напади. Според Ријад хутиte се диригирани од соседен Иран, кој е шиитска република и ривал на сунитска Саудиска Арабија.
„Иако илјади барели нафта од Јемен нема да бидат забележани, милиони од Саудиска Арабија ќе имаат големо значење“, вели Џон Вотрен, кој има над 30 години искуство во енергетската индустрија и ја предводи консултантската компанија „Vautrain & Co“.
„Саудиска Арабија е загрижена од можни нереди, кои може да тргнат од Јемен“, објаснува тој.
Јемен е добивал околу 133 000 барели дневно во 2013 година, што ја прави земјата 39-тиот производител, покажува американската Служба за енергетски информации. Во 2001 година бил достигнат врв од 440 000 барели дневно.
„Јемен не е производител од големо значење, но географски и политички се наоѓа во многу важен дел на Блискиот Исток“, вели Рик Спуунър од „CMC Markets“, со седиште во Сиднеј.
Клучен поен
Јемен се наоѓа на теснецот Баб ал Мандеб кој е четврт по големина премин во светот по обемот на снабдување - 3.8 милиони барели нафта дневно минувале оттаму во 2013 година. Затворањето на овој премин би ги попречувало танкерите од Персискиот залив да стигнат до Суецкиот канал и нафтоводот „SUMED“ и наместо тоа да се заобики Африка, што ќе го зголеми времето за испорака и цената.
„Bloomberg“ oбјаснува дека Суецкиот канал и нафтоводот „SUMED“ ги поврзуваат египетските пристаништа Аин Сухна на Црвеното Море и Сиди Керир на Средоземното Море. Бродовите од Европа и Северна Африка не би можеле да го преземат најкраткиот пат кон азиските пазари, ако теснецот Баб ел Мандеб биде затворен.
„Драматичната ескалација на ситуацијата во Јемен е првенствено закана за меѓународно трговскиот превоз и испораката на нафта“, вели независниот геополитички аналитичар Теодор Карасик.
„Постои стравот дека колку повеќе неуправлуавачки станува Јемен, толку можно е земјата да стане база за пиратите во Црвеното Море“.
Ударите на арапската коалиција (Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Катар и Кувајт) биле во одговор на барање од претседателот Абдурабу Мансур Хади, соопшти саудиската информативна агенција.
Прокси војна
Саудиска Арабија стоеше зад одлуката на ОПЕК од ноември да не се намалува приносот од 30 милиони барели дневно. Иранскиот министер за нафта Биджан Намдар Занганех изјави дека „тоа не е во согласност со она што сакавме“, потсетува „Bloomberg“. Мерката на ОПЕК, како и презаситеност со американските резерви ги доведоа цените на бенчмарковиата „Брент“ сурова нафта до шестгодишно дно.
„На долгорочен план Иран ќе се радува на нестабилни нафтени резерви“, смета Вотрен. “Тие практично сакаат да ги контролираат Саудиска Арабија и Ирак. Тие водат прокси војна и ќе продолжат да ја водат“. Племето хути кои се шиити, тврдат дека дејствуваат независно и ги претставуваат само своите интереси.
