Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто богатите Руси навалија да купуваат имоти во Дубаи?

Зошто богатите Руси навалија да купуваат имоти во Дубаи?

Богатите Руси бегаат во Дубаи за да избегнат санкции. 

Дубаи сега е рај за богатите Руси. Руските милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во невиден број, пишува Би-Би-Си. Купувањето имот во Дубаи се зголеми за 67 отсто во првите три месеци од 2022 година.

ОАЕ не воведоа санкции кон Русија ниту ја критикуваа нејзината инвазија на Украина. Се проценува дека стотици илјади луѓе ја напуштиле Русија во последните два месеци – иако точните бројки не се достапни.

Руски извори велат дека дури 200.000 Руси заминале во првите 10 дена по почетокот на војната.Фирмата Virtuzone, која им помага на компаниите да започнат операции во Дубаи, јавува за огромен наплив на руски клиенти.

Земјите од Персискиот залив, вклучувајќи ги ОАЕ и Саудиска Арабија, ги игнорираа повиците на западните влади да воведат санкции кон Русија. 

Откако ја почна војната во Украина, Русија и Белорусија се под санкции. ЕУ и САД за нив воведоа санкции. 

Инаку, во Дубаи имоти поседуваат и македонски државјани. 

getty images

Слично

Поврзани вести