Зошто богатите бегаат од Русија?
Богатите Руси во Лондон се толку многу што веќе се зборува за „Лондонград".
Најпознатиот од нив несомнено е Роман Абрамович, рускиот мулти-милијардер, кој е сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи", но тој е само еден од многуте. Само милионерите од Русија, кои живеат во англиската престолнина, се над 1.000. Адвокатите и брокерите на недвижности во Лондон, кои се занимаваат со руски клиенти, коментираат дека Русите се привлечени од стабилноста, културата и релативната безбедност.
Земајќи ги во обзир ефтината рубља, ниските цени на нафтата, падот на цените на луксузните имоти и значителните проблеми во руската економија, бегството на најбогатите кон Западна Европа се чини логично. Корените на овој феномен кој реално претставува еден од најголемите трансфери на богатство во светската историја, сепак се подлабоки.
Сопствениците на големи претпријатија во пракса се заложници. Сега тие можат да понудат на своите деца да ги заземат нивните места, но конечната одлука зависи од системот воспоставен од рускиот претседател Владимир Путин.
Слично
