Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Бил Гејтс за себе вели дека не заслужува да биде богат?

Зошто Бил Гејтс за себе вели дека не заслужува да биде богат?

Mилијардерот Бил Гејтс смета дека платил премал данок и дека не заслужува да биде толку богат.

Досега платил повеќе од десет милијарди долари данок.

Шеесет и тригодишниот основач на компанијата „Мајкрософт“, кој претходно беше и најбогат човек во светот, кој располага со богатство од околу 73 милијарди долари, смета дека тој и други бизнис магнати треба повеќе да придонесуваат.

„Не сум го заслужил своето богатство. Никој не го заслужува. Тоа е резултат на сплет на околности, како што се добар тајминг, среќа и луѓе со кои соработував. Секако дека и многу работев и мислам дека софтвер е корисна работа, но и јас имав корист од целата структура“, вели тој. 

Гејтс е еден од малкуте милијардери кои најголем дел од своето богатство ќе го подарат во хуманитарни цели. 

Неодамна Гејтс изјави дека и роботите кои ги земаат работните места треба да плаќаат данок. Само поради тоа што работникот технички не е “жив” не значи дека може да заработи пари за ништо, според Бил Гејтс.

Слично

Поврзани вести