Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Берово е втор град по смртност на бебиња?

Зошто Берово е втор град по смртност на бебиња?

Црна статистика и податоци велат дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Од опозицијата денеска го повикаа министерот Тодоров да каже зошто Берово е втор град во кој умираат најмногу новороденчиња.

Од партијата на Заев посочуваат дека смртноста на бебиња во земјава е најголема во општините во коишто недостигаат матични гинеколози и гинеколошки установи а Тодоров во Берово не им одговорил на граѓаните зошто токму ова се случува во нивниот град?

„Никола Тодоров во Берово без срам зборуваше за стапка на невработеност, додека фрапантно расте стапката на смртност на новороденчиња во Македонија“, се вели во соопштението до медиумите од СДСМ.

Градот во кој умираат најмногу бебиња е Дојран. Податоците велат дека таму умираат над 30 бебиња на 1 000 живородени, следува Берово е Гевгелија каде умираат 19 бебиња на 1 000 живородени.

Слично

Поврзани вести