Зошто бегалците не одат во Франција?
Илјадниците бегалци кои тргнуваат пеш по потрага на место за подобар живот, сонуваат за земји како Германија, Шведска или Холандија. На оваа листа од потенцијални земји за засолниште, не е ставена и Франција? Па, се поставува прашањето зошто бегалците свесно ја избегнуваат оваа земја?
Првата причина е долгата процедура за издавање азил и борба со бирократски препреки со службеници што не зборуваат англиски јазик.
„Франција не е добра за мојата иднина, а покрај тоа нема репутација на земја која лесно дава дозвола за престој“, рекол Едвард од Багдад, чекајќи брод за Финска, пренесува AFP.
Бегалците сметаат дека одењето во Франција за нив ќе значи месеци поминати без кров над главата. Постапката за добивање азил е тешка и долтрогратрајна бидејќи претходно е задолжително да се има адреса за да може да се поднесе барање.
Освен тоа, тие се убедени дека во оваа држава нема лесно да најдат работа.
,,Франција е добра за посетување, но не и да се работи во неа“, вели сириецот Абдулрахман, кој стигнал во Шведска.
Сите овие причини ги одвраќаат бегалците од територијата на Франција.
Па така, кога пред две нелели Франсоа Оланд предложи Франција да преземи 1 000 бегалци, тимот на француски имиграциски служби кој бил испратен во Минхен успеал да убеди помалку од 600 бегалци да одат во државата. Бегалците не биле заинтересирани иако им било ветено дека лесно ќе добијат документи и дозвола за престој на 10 години.
Инаку, Франција вети дека ќе прифати уште 31 000 бегалци и дека ќе го забрза процесот за издавање азил, а и ќе ги зголеми капацитетите за сместување на бегалците.
