Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Американците скоро никогаш не земаат боледување?

Зошто Американците скоро никогаш не земаат боледување?

Ако работникот оди на боледување, работата нема да биде сработена и во компанијата секогаш треба да знаат дали можат да сметаат на вас или не.

Вака Леан Дерињ, професорка по социјален труд од Флорида  го објаснува феноменот на трудољубив и одговорен работник. 

„Ставот е „Јас сум незаменлив, и ако не се појавам, работата нема добро да биде сработена. Тука се јавува и загриженоста како вас ќе ве доживеат како работник. Дали можат да сметаат на вас или не. Ако премногу често одите на боледување или отсуствувате од работа, нема да ве гледаат како сериозен работник“ - вели таа. 

Додава дека работниците и немаат избор, затоа што законот во САД не гарантира дека ќе им платат боледување. 

Работникот за боледување или породилно отсуство може да земе 12 недели, но потоа мора да се јави на работа. 

Во Холандија условите се поповолни, така што работник може да остане до две години со тоа што ќе добива 70% од платата. 

Во Велика Британија на работникот му се плаќа боледување до 28 дена. 






Слично

Поврзани вести