Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоре Темелковски: Се разниша довербата во меѓусебните инвестиции со Бугарија

Зоре Темелковски: Се разниша довербата во меѓусебните инвестиции со Бугарија

Зоре Темелковски, почесен претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, вели дека политиката и пандемијата влијаеле негативно на меѓусебните инвестициски активности помеѓу Бугарија и Македонија.

Бизнисменот во изјава за Дојче Веле заклучува дека се потврдило влијанието на политиката врз бизнисот и намалувањето на размената меѓу двете држави.

„Во првата година по потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка, работите тргнаа по нагорна линија и има голем број на наши компании кои инвестираа во Бугарија (Витаминка, Кам маркети, Адинг...) како и бугарски инвестиции кај нас. Но, поради ковид-кризата а потоа и поради бугарската блокада, таквото темпо не продолжи. Не се изгуби, но се разниша довербата, се направи изолација и тежиштето од сферата на бизнисот се префрли во сферата на политиката. 

Политичарите со нивни изјави го зазедоа медиумскиот простор. Се вративме назад, наместо да одиме напред“, вели Темелковски.


Слично

Поврзани вести