„Зорба“ донесе потоп во Грција
Грција се соочува со потоп.
Силната хибридна бура „Медикејн“ , која Грците ја нарекот „Зорба“ на југот на Грција донесе обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави на Пелопонез.
Силното невреме на југозападот на Пелопонез донесе удари на ветер со брзина од 90 километри на час.
Обилните врнежи предизвикаа прекин во морскиот сообраќај.
Поради бурата и опасност од поплави ефектуирани се жителите од крајбрежното село Неа Коис на истокот на Пелопонез. Селото е поплавено и без струја, а излеани се неколку реки и предизвикана е сериозна материјална штета.
Во прекин е и сообраќајот на траекти и бродови од пристаништата околу Атина.
Во Грција вчера имаше бранови високи и по 11 метри.
Од европските земји и во Италија поради ураган имаше невреме.
