Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски станува сопственик на парцели на Водно!

ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски станува сопственик на парцели на Водно!
Груевски бил злобен, учествувал во изборни фалсификати, денес ќе видите колку бил користољубив, кога биле во прашање неговите интереси, изјави Заев на денешната прес конференција „Ќе стане јасно зошто се менуваат ДУП овите во Центар и кој имал интерес од тоа. Ќе стане јасно и зошто Никола и Мијалков правеле притисоци во општина Центар. Се било за задоволување на мегаломанските афинитети на Груевски. Не се само 4 те стана, немало куќа што можело да го скраси. Низа скандали имаше околу спорните Урбанистички планови“ изјави Заев. Заев вели дека вториот план крие две атрактивни локации на кои удрил мерак токму Груевски. „Првата локација на Питу Гули, биле со намена ДЗ за спорт и рекреација, а во нацрт на фамозниот план е ставен маркица за семејно домување со посебен режим А0. Сопственоста на овие парцели, освен КАРА е и фамозната оф шор компанија Ексико. На друга локација над Панорама има друга промена. Прво имаше заштитно зеленило без маркици за парцели, Д2, а во вториот што сакаа насила да го донесат се донесени три маркици за куќи од 11 ооо м2. Сопственост се на СИРАХ инжинеринг, основач е СИРАХ ЛТД од Белизе, офшор компанија. Управител на таа фирма е кумот на Груевски од првиот брак“ изјави Заев.
Слично

Поврзани вести